Џоан Риверс и Мајкл Џексон умреле од истиот лек


Познатата водителка Џоан Риверс (81) која почина вчера по еднонеделната индуцирана кома, како причина за нејзината смрт се наведува истиот лек од кој почина и кралот на поп-музиката Мајкл Џексон во 2009 година, пренесуваат американските медиуми.majkl djekson djoan rivers

На Џоан престанало да и работи срцето откако била успиена пред операцијата на грлото изминатата недела. Таа паднала во индуцирана кома и веќе не и се вратила свеста. Заводот за здравство на државата Њујорк во моментот спроведува истрага во клиниката „Јорквил ендоскопи клиник“ за која се тврди дека на Џоан и дале ист коктел на лекови кои го „убија“ кралот на поп-музиката Мајкла Џексон пред пет години.

Порталот „Радар онлајн“ тврди дека Џоан добила пропофол пропосал, коктел кој често се користи при анестезија во текот на операцијата. Има сомнежи дека токму таа анестезија била проблем со оглед на разговорот кој персоналот на болницата го водел со истражителот. Наскоро се очекуваат повеќе информации за овој случај. Риверс ќе биде погребана во Њујорк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1