На куче му се слошило откако изело 43 чорапи


Хирурзи во ветеринарна клиника во сојузната американска држава Орегон извадиле од желудникот на болна германска дога 43 и половина чорапи.

socks

Како што пренесуваат американските медиуми, сопствениците го донеле својот пес во клиниката бидејќи постојано повраќал и одбивал да зема храна. Снимките од абдоминалната радиографија покажале дека во енормно проширениот желудник на нивниот миленик има „големо количество надворешен материјал“.

 

Речиси двочасовната операција над несреќното животно дала одговор за каков материјал станува збор – 43 и половина чорапи. Портпаролката на клиниката во Портланд изјавила дека веројатно станува збор за најчудниот случај во историјата на институцијата, за кој пишува порталот Veterinary Practice News во информација од 27-ми август.

Тригодишната германска дога е пуштена на домашна нега ден по операцијата. Сопствениците не сакале ништо да коментираат за медиумите кои го поставуваат прашањето „каде завршила половината“ од чорапот кој недостига. Сепак, додаваат дека нив недоливот вкус на чорапите за нивното галениче, ги чинело 500 долари.

За локалната телевизија KGW, др Ешли Мејги од „DoveLewis Animal Hospital“, каде била извршена операцијата, изјавила дека откако го отвориле желудникот на песот ги ваделе чорапите „еден по еден, сите во различни големини и форми“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1