НАСА предупредува – Премногу блиску: 18-метарски астероид викендов ќе мине меѓу Земјата и Месечината


Американската агенција за вселенски истражувања NASА објави дека на 7-ми септември на кусо растојание од Земјата ќе мине астероид со дијаметар од 20 метри, за кој се смета дека сепак не претставува закана за планетата, ниту за сателитите во нејзината орбита.

Ова небесно тело беше откриено на 31-ви август со помош на американскиот  автоматски телескоп Pan-STARRS 1, поставен на врвот од вулканот Халеакала на островот Мауи во Хавајскиот архипелаг.

asteroid444Се проценува вселенскиот камен да биде околу 18 метри долг, а се очекува да лета над Нов Зеланд. НАСА вели дека астероидот нема да ја погоди Земјата или некој од илјадниците сателити кои орбитираат околу планетата, но на научниците и астрономите ќе им даде уникатна можност да го проучуваат.

Астероидот нема да биде видлив со голо око, меѓутоа астрономите аматери ќе можат да го видат со телескоп. Таканаречениот астероид 2014 RC, бил откриен на 31 август од „Catalina Sky Survey“, во близина на Тусон, Аризона.

Од NASA истакнуваат дека астероидот кој ја доби ознаката 2014 RC, максимално на Земјата ќе и’ се доближи на 7-ми септември во 14,18 часот по американско време на Источниот брег, или 20,31 часот по македонско време. Во тој момент астероидот ќе се наоѓа над Нов Зеланд и ќе мине на растојание од 40.000 километри, што е за 10 пати помалку од растојанието до Месечината.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1