Џон Неш однесе во гроб револуционерно откритие


Славниот математичар и добитник на Нобеловата награда Џон Неш, чија борба со шизофренијата беше прикажана во филмот „Прекрасниот ум“, откри дека е на прагот на големо откритие на само неколку дена пред трагичното загинување во сообраќајна несреќа.

Неговиот пријател, познатиот математичар Кардик Виљани рече дека Џон неколку дена пред смртта му рекол дека открил замена за Ајнштајновата формула за теоријата на релавититетот.nes

Виљани за „The Times“ изјави дека Неш му го објаснил своето откритие за кое сметал дека ќе помогне во објаснувањето на квантната гравитација. Ајнштајновата теорија на релативитетот објаснува дека она што го доживуваме како гравитација доаѓа од искривеноста на просторот и времето.

Џон минатата недела во 86 година од животот настрада во такси со својата сопруга Алисија(82) враќајќи се од аеродром по летот од Норвешка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1