Џони Деп изгледа „непрепознатливо“ и „болно“


Холивудскиот актер Џони Деп неодамна гостуваше во Русија, каде одржа неколку концерти и се дружеше со обожавателите.

Во меѓувреме се појавија фотографии на социјалните мрежи, кои предизвикаа гласини дека актерот изгледа „непрепознатливо“ и дека е „болен“.

На фотографиите направени во хотелот „Четири годишни сезони“ во Санкт Петербург, Деп изгледа многу бледо и е многу ослабен.

Заради тоа социјалните мрежи беа преплавени со коментари за загриженост за неговото здравје од страна на неговите обожаватели.

Актерот минатата среда со својот бенд настапи во Санкт Петербург, а два дена претходно гостуваше и во Москва.

Според рускиот весник „Комсомолска правда“, Деп од средбите со своите московски обожавателки заработил 40 илјади долари, наплаќајќи ја секоја средба по 1.000 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1