Џони Штулиќ ја отвори душата: Заработуваат на моите дела – а јас умирам во беда


Познатиот ју-рокер Џони Штулиќ (61) кој веќе 30 години води битка со издавачите, порачал дека нема да објавува нови песни и книги се додека не се реши проблемот со неговите авторски права, пренесува српски „Блиц“.

Фронтменот на групата „Азра“ кој долги години живее во прогонство во Холандија, поради кршењето на авторските права води судски спор со издавачките куќи „Плато“, „Комуна“ и „Кроација рекордс“. 

– Судовите во Србија барем ги прифатија жалбите на моите адвокати, додека во Хрватска не ни сакаа да започнат постапка. Јас сум единствен случај во светот на кој за сите мои музички и литературни дела не му се исплаќани заслужените хонорари. Многумина мислам дека мене не ми требаат тие пари, но не е така. Нормално е да добијам пари за тоа што чесно сум го заработил. Никој не може да ми ја земе душата. Блуз пејачката Били Холидеј умре во беда, а јас велам дека не е кутра Били туку композиторот и писателот Џони, не сакам така да го завршам својот живот – изјавил Штулиќ кој во холандскиот град Хоутен живее без лични документи.

 Тој тврди дека никогаш не потпишал никакви договори со издавачките куќи за своите дела, додавајќи дека во почетокот на 1980-те години, за да добие хонорар морал да се зачлени во СОКОЈ. Сепак тврди дека никогаш ништо не му било исплатено, а како причина за тоа се грешките при преминувањето на компјутерскиот систем.

– Од СОКОЈ излегов во февруари 1981 година. Оттогаш па се до денес песните на групата „Азра“, моите подоцнежни соло албуми, постојано се резидаваат како и моите собрани дела кои ги печатеше издавачката куќа „Плато“. Јас за 30 години експлоатација на моите дела не можам да добијам правда на суд. Моите барања беа отфрлани и застарени. А за тоа време многумина заработуваат многу пати на моите дела. Некој кој еднаш сериозно ќе се впушти во грабеж на моите дела и сето тоа кога би било обелоденето и документирано заслужува Пулицерова награда – порачал култниот музичар.

http://hr.n1info.com/a92339/Vijesti/Branimir-Stulic-ekskluzivno-za-N1-Desetljecima-me-pljackaju.html

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1