Џорџ и Амал чекаат бебе


Џорџ и Амал Клуни важат за една од најубавите двојки во шоу бизнисот, а најверојатно следната година ќе станат родители.

Иако славниот американски оскаровец сеуште не ја потврдил информацијата дека неговата сопруга е бремена, по се изгледа оваа информација е точна.05kluni

Според медиумите, оваа информација е потврдена со фактот што двојката за опремување на делот за деца во нивната уксузна холивудска вила издвоил дури два милиони долари. Пријател на актерот за американските медиуми открива дека двојката е подготвена да потроши цело богатство за детски мебел.

– Џорџ и Амал веќе една година се обидуваат да добијат бебе и конечно им се исполни сонот. Тие не сакаат сеуште да се шири оваа вест и за тоа знаат само членовите на потесното смејство и најтесниот круг пријатели. Меѓутоа, затоа што станува збор за светски познати личности тоа неможе долго да остане во тајност. Клуни е пресреќен што ќе стане татко. Двојката сеуште не го знае полот на детето, но актерот веќе ангажира експерти што ќе го опремат детскиот дел. Тоа крило од куќата ќе биде само за бебето, од кое дадилката нема да се одвојува. Покрај детската соба со креветче, шкафче и гардаробер во другите простории ќе се направи детска библиотека, две соби за играње и трпезарија. Додека не тргне во училиште бебето ќе може да го користи целиот овој простор, а потоа се повторно ќе се реновира, вели пријател на Џорџ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1