Познатиот актер Џорџ Клуни и неговата свршеница Амал Аламудин ја прославија својата веридба во друштво на познати пријатели во Малибу.
Клуни и идната госпоѓа Клуни уживаа во друштво на фронтменот на групата U2, Боно, сопственикот на ресторанот Ранде Гербер и неговата сопруга Синди Крафорд.
Овие денови познатата двојка ужива во стојот нов статус и се многу среќни, па се дружат со своите пријателите. Клуни и Аламудин се појавиле на роденденската прослава на Гербер во Калифорнија, а папараците во таа прилика го фотографирале дијамантскиот прстен од седум карати на раката на Аламудин, додека го галела Клуни по главата.
Дејли Меjл пишува дека вредноста на вереничкиот прстен се проценува на 450.000 фунти.