Џорџ Клуни ќе го глуми Никола Тесла?


Познатиот режисер Бред Брид наскоро го почнува снимањето на филмот за српскиот научник Никола Тесла. Медиумите шпекулираа дека Тесла ќе го глуми Кристијан Бејл, познат по улогата на „Бетмен“, а сега се појави и информацијата дека во главната улога ќе се најде Џорџ Клуни.

Сценариото за овој филм го напиша Дејмон Линдлоф, кој е познат како писател на сценаријата за „Ѕвездени патеки“, „Изгубени“ и „Каубојци и вонземјани“.
Филмот ќе се вика едноставно „Тесла“, а со тоа започнаа и гласините дека се работи за уште еден документарен филм за животот и работата на научникот.
Но сепак, овој филм сигурно ќе се разликува од останатите за Тесла, со оглед на тоа што се знае дека ќе биде научно-фантастичен филм. Тесла се среќава со вонземјаните со кои комуницира преку трансмитер кој сам го направил.
Филмот е во продукција на „Walt Disney“, а снимањето почнува следната година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1