Италијанските медиуми пренесуваат дека Џорџ Клуни е полесно повреден во сообраќајна несреќа која се случила на патот кај Коста Коралине на Сардинија.
Актерот возејќи скутер се судрил со пикап. Засега не е познато како дошло до несреќата. Тој е префрлен во болница.
Клуни моментално се наоѓа на Сардинија поради снимање на филм.