Славниот пејач Џорџ Мајкл (51) се повлече од јавноста затоа што е тешко болен, изјави неговиот пријател за британскиот весник „Miror“.
Пејачот последен пат е виден во јавноста во мај, кога излезе од болница во која беше итно префрлен поради мистериозна болен. Мајкл единствено на својот пријател Дејвид му дозволува да го посети во неговата вила во северен Лондон.
– Луѓето се грижат за него, оти Мајкл буквално се одвои од останатиот дел на светот, вели неименуван извор пријател на суперѕвездата.
Џорџ Мајкл во 2011 година се здоби со тешко воспаление на белите дробови и едвај остана жив.
Наводно причината за ваквата изолација е тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа пред неколку месеци, кога на автопат во близина на Лондон падна од автомобилот.