Џулијан Асанж официјално кандидат на парламентарните избори во Австралија


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска поднесе молба до изборната комисија на австралиската држава Викторија, за да биде регистриран како кандидат за пратеник во Сенатот, изјави Сам Кастро, портпаролот на Австралискиот граѓански сојуз за поддршка на Викиликс.

asanzТаа наведе дека раководството на новоформираната партија Викиликс ќе разговара за официајлно регистрирање на новата политичка партија во Австралија.

За регистрација неопходно е 500 регистрирани гласачи да пополнат молби за членство. Асанж претходно изјави дека во Австралија има голем број луѓе кои се подготвени да ја поддршат новата политичка партија.

Асанж во моментот живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се крие од јули минатата година, за да ја избегне екстрадикцијата во Шведска каде е обвинет за силување.

– Основен елемент на предизборната платформа на австралиската партија Викиликс ќе биде апелот за „отвореност и одговорност во дејствувањето на владата“ и заштита на граѓанските права, посочи Кастро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1