Тужба против Би-Би-Си и Џими Савил од жртвите силувани како деца


Дел од жртвите на сексуалното насилство извршено во времето кога тие биле малолетнички, поднесоа тужба против Би-Би-Си и Џими Савил, долгогодишна радио и телевизиска водителска ѕвезда на британската јавна медиумска компанија.

SEVILСавил, кој почина на 84 годишна возраст во октомври 2011 година, не може директно да биде тужен, па затоа тужбата е против неговиот имот и целото наследство, кое се проценува на околу 20 милиони фунти.

Тужбата ја поднесоа 31 лице, сите жртви на насилството на Савил, водител на популарната емисија на Би-Би-Си „Поп оф д Топс“ и на неколку други радио и тв програми, како и донатор во неколку детски болници. Адвокатот Ален Колинс соошти дека бројот на жртвите кои се подготвуваат за тужба секој ден се зголемува.

Според Колинс, тужбите се однесуваат како за непримерно, вулгарно однесување кон малолетнички, така и за сериозни сексуални напади. Во најголемиот број жртвите биле млади девојки кои учествувале во снимањето на ради и тв емисиите, но и малолетни пациенти во блниците каде тој се појавувал како патрон.

Савил почина како почитуван водител и голем хуманист, па во негиовиот роден град Скарборо беше погребан со сите почести. Вендаш потоа се појавија сомневања дека Савил не заслужува никакви почести и беше прв пат обвинуван за педофилија, сексуално насилство и силувања врз малолетничките со кои работел.

Би-Би-Си како домаќин на тие програми долго време ги отфрлаше таквите обвинувања како невистините, сокривајќи ги сознанијата со компанијата располагала од порано за вистинскиот лик на Савил, кој со водителска работа почнал да се занимава од почетокот на шеесетите години на 20 век.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1