Околу 3,7 тони коњско месо завршиле на грчките трпези


На грчките трпези завршиле 3,7 тони замрзнати продукти со говедско месо, во кои беше откриено ДНК на коњско месо, објави грчкиот „Весник на уредниците“.

horse meatКомпанијата „Маринопулос“ од пролетта 2012 година во Грција од Франција увезла околу шест тони храна со трговскоот име лазања „Болонез“ и канелони “Болонез“, произведени за синџирот хипермаркети „Карфур“. Во понеделникот компанијата го повлече во магацините останатите 2,3 тони од храната.

Стоката ќе биде итно уништена под надзор на државниот орган за контрола на храната ЕФЕТ.

Поради фактот дека конзумирањето коњско месо не е забрането, властите во Грција и Европската унија случајот го водат како измама на корисниците.

Според експертите во Грција до целосно разјаснување на случајот никој не може да биде сигурен дали има опасност за јавното здравје. Тие истакнуваат дека мотив за измама на потрошувачите е остварување на голема и незакоснка добивка, наведува весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1