Дијана ѝ се заканила на Камила: Го нарачав твоето убиство


Во биографијата на Ендрју Мортон се откриени нови детали за односот помеѓу Камила Паркер Боулс (69) и починатата принцеза Дијана. Во тајните интервјуа што Дијана му ги дала на Мортон, признала дека ѝ се заканувала на својата соперничка. Ѝ се јавила среде ноќ и не ѝ се претставила.

– Пратив некого да те убие. Во дворот е, погледни. Го гледаш ли – зборувала на телефон.

Состојбата на Дијана се влошувала. Ја фаќало параноја, а била убедена дека ќе ја изневерат и нејзините соработници. Во една пригода на својот секретар му оставила порака: – Знаеме кај си, и јас и твојата сопруга. Знаеме дека не ми беше верен – стоело во писмото. Принцот Чарлс признал дека бил во врска со Камила во 1994 година во интервјуто за Би-би- си, а година подоцна Дијана проговорила за нивните проблеми.

– Нè имаше тројца во бракот па беше мал „метеж“ – рекла принцезата. Чарлс и Дијана се разведоа во 1996 година, а Мортон напишал дека Камила се чувствувала понижено, бидејќи ја нарекувале „љубовницата“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1