Драма во авион: Пилотот им рекол на патниците да се молат за безбедно да се вратат дома


Пилот на авиокомпанијата Еир Азија на патниците им рекол да почнат да се молат откако се јавил проблем во работата на моторите на авионот.

На летот од Перт до Малезија се одвивала вистинска драма пред авионот со 359 патници да се врати на аеродромот во Перт.

Лет траел два часа пред да се слушне врева, а авионот неконтролирано да се тресе. Патниците биле во паника, едни плачеле, други ги облекувале заштитните појаси.

-Бевме убедени дека ќе се срушиме. Авионот се тресеше и се слушаше врева која доаѓаше од моторите. Беше страшно, велат патници од авионот.

Сепак, најголемата паника настанала кога пилотот на патниците им рекол да се молат за безбедно да се вратат дома.

-Се надевам дека се молите, ќе се молиме и ние и се надеваме дека безбедно ќе се вратиме дома, рекол пилотот.

Според зборовите на патниците, имале чувство како да седат во машина за перење алишта, но за среќа успеале безбедно да се вратат дома.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1