Дијаспората ќе има свои пратеници!


Голема и значајна победа во име на македонската дијаспора извојува преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ после маратонските преговори со останатите три големи партии водени од Питер Ванхојте.

Стотиците илјади Македонци кои живеат надвор од границите на својата татковина ќе добијат свои претставници во Собранието на Република Македонија на изборите кои ќе се одржат во април 2016-та година.glasanje izbori sobranie

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати го обвини СДСМ дека само декларативно се залага за правото на глас на дијаспората, а на секој начин се обидува да го обезвредни значењето на сите Македонци кои живеат на сите континенти.

Овој став на владеачката партија беше поткрепен со привидната поддршка на Зоран Заев и СДСМ кон можноста за гласање на дијаспората, цело време цинично забележувајќи дека Заев и СДСМ нема да дозволат „ВМРО-ДПМНЕ да води со 3:0 од старт“ мислејќи на досегашните резултати од гласањето на дијаспората кои 100% беа во корист на владеачката партија.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1