Зврлевски: Предвидените плати за обвинителите од специјалното обвинителство се мегаломански


Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски по одлуката на Советот на јавни обвинители да прифати седум од 14-те предложени имиња на Јанева изјави дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд, а додаде и дека  предвидените плати за обвинителите од специјалното обвинителство се мегаломански.zvrlevski

-Вчера имавме состанок на јавни обвинители, како повод на реакција беа наведените планови за високи плати. Тие се регулирани со закон, меѓутоа надоместоците кои јавните обвинители за организиран криминал не ги добиваат, а работат на предмети за терористи, наркокрартели и ИСИС. Доколку некој ги добие тие надоместоци, ние ќе побараме од Владата и ние да ги добиеме, најави тој.

Според него специјалното јавно обвинителство е политичко, додека јавните обвинителства се независни.

-Ако имате политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и носење на закон спротивно на сите правила и барање избор спротивно на сите закони, тогаш сметам дека е тоа политичко обвинителство. Се гордеам што не сме политичко обвинителство, рече Зврлевски.

Тој посочи дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд. Според него актот е неуставен и донесен спротивно на законите на државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1