ДИК го усвои календарот за изборите, кампањата почнува на 16-ти мај


Државната изборна комисија (ДИК) го усвои роковникот за предизборниот период, но без членовите на СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, за кои не се знае дали си дале оставка или има друга причина за нивното отсуство.

Претседателот Александар Чичаковски кој вчера заедно со Дума и Милев ја напушти седницата за 24 вести вели дека неговото присуство на седницата не значи дека го сменил мислењето дека Избирачкиот список е чист за одржување на избори туку само присуствувал за нејзино техничко одржување.glasanje izbori sobranie

Инаку Државната изборна комисија одлучи, Избирачкиот список јавно ќе биде одјавен на 25 април во рок од 15 дена.

Партиите пак кандидатските листи ќе треба да ги заклучат на 11 мај за веќе од 16 да започне изборната кампања. Крајниот избирачки список треба да биде готов на 19 мај.

Инаку ДИК побара Министерството за информатичко општество да достави податоци за административните работници кои ќе бидат избрани во општинските комисии, а од МНР побара список на персонал кои ќе го спроведат изборниот процес во дијаспората, од Министерството за внатрешни пак побараа да достават материјали за сомнителни гласачи, додека пак од МВР велат дека нема доволно време до 5 јуни да се проверат сите податоци кои од нив ги побарала ДИК и велат дека има огромна разлика во некои бројки, па на пример од 71 илјади сомнителни гласачи, 18 илјади никогаш од министерството не побарале издавање на лични документи.

Досега, над 300.000 граѓани беа предмет на теренска и административна проверка, а ДИК дополнителна побара проверка на 30.000 граѓани. Со сигурност од избирачкиот список се бришат само 1.135 лица кои се починати.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски побара од НАТО, ОБСЕ и Европската унија да учествуваат во набљудувањето на изборите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1