По посетата на Лезбос, папата се врати со бегалци во Ватикан


Силна порака за солидарност со бегалците и ставање крај на воените конфликти испрати Папата Франциско денес од грчкиот остров Лезбос. Папата во придружба на вселенскиот патријарх Вартоломеј и грчкиот архиепископ Иеронимос го посети мигрантскиот центар Морија во кој се наоѓаат над 4000 бегалци.papata_so_begalcite

Посетата на кампот беше полна емоции. Илјадници бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак, млади и стари, семејства, но и малолетници кои патуваат сами полни со надеж упатија молба до верските лидери да им помогнат да се испрати порака да се отворат границите и тие да може да го продолжат својот пат кон Европа.

Папата при посетата на мигрантскиот центар Морија се обрати до бегалците испраќајќи порака дека стојат солидарно со нив, изразувајќи разбирање за нивните страдања и порачувајќи дека со својата посета сака да го сврти вниманието на светот на оваа хуманитарна криза.

При посетата беше потпишана и заедничка декларација за солидарност со која се бара од сите влади да помогнат и да понудат привремен азил и засолниште на сите на кои им е потребен.

-Би сакал да упатам од срце апел за одговорност и солидарност пред една толку драматична ситуација. Многу бегалци кои се на овој остров и на голем број други места низ Грција живеат во критични услови, во клима на страв и неизвесност, чувствувајќи очај поради неизвесноста за иднината. Загриженоста на властите тука во Грција и другите европски држави се разбирливи и легални, но и покрај ова не треба да заборавиме дека бегалците и мигрантите пред да станат бројки се луѓе, лица, имиња, приказни. Европа е татковината на човековите права. И секој кој стапнува на европска територија треба да може да ужива во нив. За да бидеме навистина солидарни со оние кои се натерани да ги напуштат своите татковини треба да работиме за да се елиминираат причините за оваа драматична реалност. Треба да го вратиме мирот таму каде војната донесе катастрофа и смрт и да спречиме овој рак да метастазира и на други места, изјави папата.

Папата го посети и пристаништето на Митилена каде се помоли за сите бегалци кои го загубија животот во водите на Егејското море. На заминувањето од Лезбс Папата зема десет бегалци од Лезбос со себе, испраќајќи јасна порака и силен апел до европските и светските лдиери за похумано справување со бегалската криза.

Тој при посетата беше дочекан и имаше средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас кој забележа дека ова е историски важна посета и можност и пред Европа и пред светот да се покаже неопходноста да се најде начи овие луѓе кои ги напуштиле своите домови во барање на подобра иднина да добија подостоен живот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1