ДИК сo конечни неофицијални резултати


Според конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, Коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Од ДИК соопштија дека во првата ИЕ Коалицијата „Можеме“ освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник. Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по седум мандати, ДУИ три, АА/А три пратеници. Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, „Можеме“ девет и Левица еден пратеник.

– Во ИЕ4 мандатите ги поделија ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“, односно по 10 пратеници. Во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме“ освоија по осум пратеници, ДУИ три, и АА/А еден пратеник. Во шестката, ДУИ освои седум, АА/А шест, „Можеме“ четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник, наведоа од ДИК.

Деркоски по целодневното рачно броење и споредување на резултати од гласањето со оние внесови во информатичкиот систем на ДИК на седницата која што почна речиси 24 часа по завршување на вчерашното гласање, посочи дека на овие избори гласале 942.334 гласачи. Од нив, важечки гласови се 910.868, а Комисијата сумирала 31.466 неважечки ливчиња.

– СДСМ и коалицијта освоиле 327.329 гласа, или 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, или 44 мандати, ДУИ 104.587 гласови, односно 15 пратенички места, Алијанса за Албанците 81.827 гласа, 12 пратеници, Левица 37.551 глас, а тоа се два пратеника во новиот собраниски состав, и ДПА 13.891 глас, односно едно пратеничко место, истакна Дерковски.

Во ИЕ 1, Коалиција СДСМ освои 54.578 гласови, односно осум пратенички места, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 50.564 гласови – седум мандати, ДУИ 19.672 – две, АА 14.143 – две, ЛЕВИЦА 12.124 едно пратеничко место и ДПА 1.964/

Во Изборна единица 2, Коалиција СДСМ 47.852, односно седум мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47.929 – седум пратенички места, ДУИ 22.078 три, АА 20.783 – три, ЛЕВИЦА 5.896 и ДПА 1.821

Во ИЕ 3 Коалиција СДСМ 66.853 гласови – девет мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551, односно 10 пратенички места, ДУИ 3.331, АА 992, ЛЕВИЦА 6.939 – еден мандат и ДПА 242 гласови.

Изборна единица 4 – Коалиција СДСМ 77.195 гласови – 10 мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74.478 10 мандати, ДУИ 293, АА 213 и ЛЕВИЦА 6..836

Во Изборна единица 5, Коалиција СДСМ 56.622гласови, односно осум пратенички места, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 – осум мандати, ДУИ 21.745 – три мандати, АА 10.716 еден мандат, ЛЕВИЦА 4715 и
ДПА 781.

Во Изборна единица 6 Коалиција СДСМ 24.229 – четири мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15.663 – две пратенички места, ДУИ 37.468 – седум мандати, АА 34.450 – шест, ЛЕВИЦА 1041 и ДПА 9083 – еден мандат.

Веќе 24 часа не работи веб страната на ДИК, за која претседателот Деркоски рече дека била нападната од хакери и немало штета, туку одлагање на пресметките на резултатите од изборите.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1