Дико од Македонија- најубав шарпланинец во Европа!


Две и пол години стариот шарпланинец Дико, чиј сопственик е Владо Каравилоски од Прилеп, пред неколку денови ја доби титулата најубав шарпланинец во Европа, на европскиот шампионат кој се одржа во Чешка. Каравилоски вели дека е многу горд на тоа што има најубавиот шарпланинец на целиот континент. На Дико ова не ми била прва изложба.diko_thumb_medium500_281

„Во Македонија има учествувано на над 20 изложби, во Грција во Солун има учествувано на голема цацип изложба, а лани на европското првенство во Женева исто ја освои првата награда каде стана млад европски првак“, истакна за МРТ Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.

Љубовта на Каравилоски кон кучињата е огромна, освен Дико тој има и своја одгледувачница на шарпланинци кои ги продава дома и во странство. Вели дека за да се освои ваква награда потребно е голем труд околу кучињата.

„За подготвување за еден ваков настан е потребно многу работа. Потребна е голема физичка подготовка, потоа треба да се научи кучето да се покажува, на кинолошки јазик тоа се вика хенд лијнк или водење на кучето, кое што е најважна работа од се. Затоа што ако едно куче незнае да се покажува, тоа колку и да е убаво судијата нема да може да ги види убавите страни. Исто такам многу битна е и исхраната која треба да биде богата со минерали и витамини, без која не може да се извлече максимумот од едно куче“, додаде Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.

Ова е единствениот шарпланинец во македонската кинологија кој за само 2 години освоил две вакви значајни награди, малд и зрел европски првак.

За наредната година на светското првенство кое ќе се одржи во Милано, Италија, Каравилоски планира освен со Дико да настапи со уште неколку други свои шарпланинци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1