Димитар Андоновски тепан и приведен од битолската полиција


Утрово на личниот профил на Фејсбук на поп пејачот Димитар Андовски осамна огромен статус дека вечерта ја поминал во притвор во битолската полициска станица, а претходно бил тепан и психички малтретиран пред својота зграда во Битола.

Статусот кој очигледно под револт и афект го напиша пејачот, по неколку часа се предомисли и го избриша од својот профил.

Сепак, тие неколку часа беа доволни приказната да се преземе и прошири.dime-status

Димитар вели дека бил приведен наводно поради противење односно поставување на прашањето зошто добил шлаканица , за потоа да биде изнесен од сопствениот автомобил како најголем криминалец.

Одговорот кој објаснува дека го добил од полицајците бил дека ова му се случува поради неговата храброст да пишува за првичниот инцидент кој му се случи во 2013 година, кога беше приведен поради немање документи за лична идентификација.

Тој и се обрати на јавноста дека од синоќашната случка се почуствувал како да е некој голем криминалец и непријател на државата.

Во продолжение ви ги пренесуваме неговите искази кои завршуваат со апел за донации да ја плати казната од 600 евра, бидејќи како што вели е невработен и не заработува доволно за да ја плати.

Јасно се искажаа останатите дека ова е освета заради мојата храброст што пишував првиот пат кога ме приведоа заради немање на личен документ.. Цитирам : До кога мислиш да се заебаваш со полицијата!!! Епа драги мои полицајци спроведители на законот…Што згрешив? Јавно прашувам? Убив човек? Украдов нешто? Повредив некого? Непријател сум на Битола на Македонија? Штета што не можам и немам право да му извршам алкохол тест на господинот за да ја докажам неговата пијана состојба затоа што очигледно само тогаш добива сила да напаѓа луѓе …

И тоа не на луѓе криминалци него на тие што ја градат културата на оваа земја… Јас градам култура во својата татковина се занимавам со музика а не со криминал… господине Ц. Јавно ве поздравувам за шамарите и клоците што ги добив вечерва и простено нека ти е, но не ти е заборавено тоа да го знаеш…. Тркалото се врти .. Еден убав ден ќе не спои патот пак.. Праведен сум со главата горе, чист како солза без никаква црна дамка на мене, реален сум и без влакна на јазикот и не ќутам никого…

И не значи дека ако ме приведивте уште еднаш дека ме уплашивте.. Уште 100 пати носете ме в станица без причина и пишете казни … Штета што немам редовна работа за да ви ги плаќам казните. Затоа и упатувам јавен повик до сите мои подржувачи и сограѓани и пријатели да ми помогнат и донираат на мојата сметка НЛБ Тутунска банка и број на сметка 210501662398368 секој колку што може да донира и помогне затоа што немам 600 евра да ја платам казната … Се што имам вложив во музиката за Македонија а за жал моментално едвај една просечна плата заработувам за да го поминам месецот !!! Ве сака и љуби Димитар!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1