Премиерот на преодната влада Емил Димитриев во своето обраќање пред пратениците повика и на конструктивност од опозицијата.
-Сакам да се обратам и на опозицијата и да ја повикам на конструктивност во своето дејствување. Ве уверувам дека преодната влада ќе гарантира фер и демократски избори со секое свое дејство и активност, а вие како опозиција имате клучна одговорност во придонесот во организирање на фер и демократски избори преку водењето на клучните ресори и тела кои ги организираат изборите, и вие треба да се вклучите во овој процес кој обезбедува напредок на земјата. Заедно можеме да направиме добри работи за земјата.
Преодната влада ќе го поддржи секој договор по однос на секоја тема кој политичките партии ќе го постигнат по однос на било кое прашање кое е во врска со организацијата на изборите, кое ќе е постигнато врз основа на демократските принципи кои се дефинирани и отелотворени и кај нас и во западните демократии и кое ќе биде во согласнот со националниот и државен интерес, односно нема да е спротивно на овие вредности.
Преодната Влада ќе внимава овие решенија да не се во спротивност со уставот и законите- посочи Димитриев вечерва во Собранието.