Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик


Иронија е и парадокс земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик. Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи и интересот за добри односи со Унгарија, рече на денешната заедничка прес-конференција во МНР шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со неговиот дански колега Андерс Самуелсен.

– Мислам дека во речниците случајот за Груевски може да се води под иронија и парадокс, бидејќи се работи за човек под чие што владеење Европската комисија ја дефинираше Македонија како заборена држава и имаме заклучок од Советот за општи работи од јуни годинава каде се бара правна разврска и одговорност за индициите за кривични дела што произлегуваат од прислушкуваните разговори поддржан иод Европскиот совет. И сега Македонија како земја кандидат прави се во Македонија да владее правото и навистина е иронија и парадоксално што човек што има пресуда, осуденик којшто се соочува и со четири други обвиненија и со пет истраги да најде заштита и добие азил во земја членка. Ова е проблем за Македонија, меѓутоа е проблем и за ЕУ и за кредибилноста на принципот на владеење на правото во ЕУ. Ние имаме еден сложен терен сега и ќе ги земеме во предвид сите наши интереси меѓу кои и интересот за добри односи со Унгарија во решавањето за тоа што ќе правиме и како ќе правиме, рече Димитров.

Најави дека со неговиотунгарски колега Петер Сијарто ќе имаат средба на маргинитена министерскиот состаок на НАТО на 4 и 5 декември, на којшто отворено ќе разговараат за овој случај.

Во врска со судењето на Груевски нагласи дека тоа беше следено од ОБСЕ, од претставници на ЕУ и никогаш не добиле поплака, а неодамна Стејт департментот го окарактеризира како фер и транспарентно судење и оти не е доведен во прањето кредибилитетот на процесот.

-Немаме никаква пријава во МВР за закана по живот. Груевски имаше шест обезбедувачи по негов избор согласно Законот. Ако имаше несигурност можеше да побара уште. Така што, по сево ова ние мораме да продолжиме да инсистираме ниту за нас, ниту за Европа, ниту за Унгарија е добро кога има неселективна правда, рече Димитров.

Данскиот министер за надворешни работи Самуелсен истакна дека за случајот со Груевски бил информиран денеска на разговорите со Димитров и на темава ќе разговара со унгарскиот министер за надворешни работиа Сијарто на средбата во петок во Копенхаген.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1