Димовски: Лидија е проститутка, спиеше со мене за 2.400 евра!


– Лидија Велковска, нема да ја наречам госпоѓица бидејќи не е, е единствената проститутка тука, таа среде ноќ  ми дојде во станот во Охрид, спиеше со мене за 2.400 евра. Таа е манипулатор каков што Македонија досега не видела ни ќе види- со овие и уште полоши зборови бизнисменот Ристо Димовски им се обрати на медиумите на денешната прес-конференција по повод сите случувања деновиве околу организацијата на Мис на Македонија, пренесува Република.

press-mis-crnokrak-2-Small-520x267_thumb_medium500_257

Димовски, кој себе се нарекува познат активист, новинар и македонски патриот и веќе 4 децении живее и работи во Австралија, неколку пати бил спонзор на вакви слични манифестации. Пред неколку дена, организаторката на „Мис на Македонија“, Лидија Велковска, го претстави Димовски како нов организатор на овој избор, за веќе следниот ден, во друго соопштение да се огради од оваа изјава и соработка, поради „основан сомнеж дека тој ќе соработува и со агенции кои се занимаваат со елитна проституција“.

Димовски бил изненаден од овие обвинувања, бидејќи како што вели, иако знаел дека Велковска се служи со лаги, наивно и верувал и решил да и помогне кога таа побарала помош од него за организирање на овогодинешниот избор. Тој најави дека планира на суд да бара правда, иако нема писмени докази бидејќи парите на Велковска секогаш и ги давал на рака или во кревет.

На пресконференцијата се обрати и модниот менаџер Мики Црнокрак, кој сакаше да ги демантира гласините кои Велковска ги упати кон него и неговата модна агенција „Црнокрак“. Тој рече дека со избори за убавина се занимава уште од 1991 годин, поседува 70 лиценци за разни интернационални избори, каде девојките кои ги испратил често се враќаат со по неколку титули, додека оние на Велковска никогаш не влегле во финале.

Црнокрак ја обвини дека на „Мис на свет“ таа секогаш не претставува како ФИРОМ.

Повеќе прочитајте на Република

Се занимавал со елитна проституција, а сакаше да бира Мис Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1