Динко Вaлев, ловецот на мигранти по бугарските граници и „големиот“ Бугарин кој се заканува со физичка пресметка со Миленко Неделковски, вчеравечер бил запрен на македонската граница.
Македонската полиција во багажникот му најде спомен плоча која најверојатно сакал да ја постави на Кајмакчалан, на местото на скршената спомен плоча од Неделковски.
И на оваа спомен плоча, како и на скршената, пишува: „Вечна слава и голем поклон за хероите од Бугарската армија кои го дадоа животот за националното обединување на Бугарија во борбите на Кајмакчалан во 1916 година“.
Во изјава за бугарската телевизија Нова Динко потврди дека е задржан на граница, откако му ја пронашле плочата во багажникот. На прашањето на македонските полицајци „каде ја носи таа плоча и дали има одобрение за неа“, Динко, како што вели им одговорил, дека нема оружје, што е проблемот“.
Неделковски пак во интервју за бугарската телевизија Нова и јавно праша зошто Бугарија официјално не побарала дозвола за поставување спомен плоча.
„Бугарите се како кучиња, тие сакаат да ја обележуваат територијата како кучиња – од дрво на дрво“, изјави Неделковски за ТВ Нова.
Sitel.mk