Претпладнето познатиот хрватски кошаркар Дино Раџа, додека возел мотоцикл, го удрил автомобил, по што тој итно бил пренесен во болница, објавуваат хрватските медиуми.
Несреќата се случила во близина на влезот од сплитската Парк – шума Марјан околу 11 часот кога кон мотоциклот на Раџа налетал автомобил управуван од жена.
Раџа побарал лекарска помош заради повреда на ногата, но неговите повреди не би требало да бидат сериозни.
Во сплитската болница потврдиле дека кај нив е хоспитализиран познатиот спортист. Оттаму за Слободна Далмација изјавиле дека тој моментално е на Итното хируршко одделение и дека во тек е медицинска обработка.
Се уште не е позната тежината на повредата, а се прави и полициски увид за да се утврдат причините за инцидентот.