Директен судир во Охрид – загина брачен пар и уште едно лице


Три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска околу полноќ се случи на магистралниот пат Охрид-Свети Наум, во близина на автокампот Eлешец

soobrakj skopjeНесреќата се случила при директен судир на две патнички моторни возила. Од силината на ударот на лице место загинале Х.Ј. (21) , патник во возило „исузу“ и брачната двојка К.Д. (39) и Т.Д. (28), кои се превезувале со „рено канго“.

Во несреќата тешко е повреден П.Ш., кој бил зад управувачот на возилото „исузу“. Тој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат.

На лице место е извршен техничко-полициски увид за утврдување на несреќата во која животот го загубија тројцата Охриѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1