Сопругата на Дуле одговори на обвинувањата од свекорот


Сопругата на прерано починатиот пејач Дуле, Љупка Љубисавлевиќ, за Вест вели дека доживела непријатно изненадување за време на свеченоста за доделување на признанија на заслужни граѓани на Општината Штип, откако таткото на нејзиниот сопруг, Раде Љубисавлевиќ од раце и ја отргнал признаницата.

ljupka12_1-Уште пред една недела ми се јави градоначалникот Илчо Захариев и ме извести дека по повод 8-ми ноември, празникот на градот, Дуле ќе добие постхумна признаница како заслужен граѓанин. Ме замоли да дојдам со ќеркичката Илијана и да ја примиме наградата, на што јас се согласив. Но кога отидов во собраниската сала во Штип, забележав дека на местото каде што треба да седам, веќе беше сместена Марија, полусестрата на Дуле, раскажува Љупка за Вест.

Таа вели дека кога градоначалникот ја повикал да ја прими признаницата, Марија станала и ја зела наместо неа, на што нејзината ќерка веднаш изреагирала велејќи:

-„Тоа е за тато, дајте ми го мене“. Откако и го дадоа листот на Илијана, таа се врати до мене и ја проследивме церемонијата до крај. Но веднаш по завршувањето на настанот, ми пријде таткото на Дуле и буквално ми го истргна листот од рацете. Бев во шок, но не сакав да реагирам и да правам скандали. Кога тој што треба не е до мене, не ми е важно каде ќе се наоѓа признанието, вели Љупка.

Таа одбива да коментира за личните проблеми со неговата фамилија. Повеќе прочитајте во електронското издание на весникот или во денешното печатено издание.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1