ФОТО: Верижна сообраќајка во центарот на Скопје


Четири автомобили се судриле во центарот на главниот град во раните утрински часови.
Според првичните информации во карамболот кој се случил околу три часот утринава учествувале четири автомобили, два „фолксвагени“, „цитроен“ и „опел“.  Автомобилите, од засега непознати причини се судриле во близина на главната автобуска станица во Скопје, позната како Рекорд. Засега нема информации за повредени.

Поради полицискиот увид сообраќајот во тој дел од градот бил во прекин. Во текот на денот ќе има повеќе детали за несреќата.

Од фотографиите е очигледно дека има значителна материјална штета.
ФОТО:  Телеграф.мк
g_soobskopje
soobrakajkacentar
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1