Директор во здравството е во бегство со над 100 илјади евра – полицијата трага по него


Директорот на Здравствениот дом од Охрид ,благајникот и шефицата  на сметководство се товарат за криминал тежок повеќе од 7,5 милиони денари. Управата за финансиска полиција до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава за трите лица кои во  периодот од 2010-2014 година сториле повеќе кривични дела и тоа „Проневера во службата“, „Поттикнување“, „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“.Screenshot_15

Парични средства наплатени од пациентите, наместо на банкарската сметка си ги ставале во џеб.

Шефицата на сметководство во Здравствениот дом, за да ги прикрие трагите на криминалот само дел од финансиската документација ја евидентирала во сметководствената евиденција. Таа, по претходно добиена усна наредба од страна на директорот, изготвувала фалсификувани завршни сметки кои потоа со потпис на директорот се поднесенувани до Централниот регистар на Република Македонија.

Додека пак второпријавениот речиси секој ден по пребројување на дневниот промет, телефонски го известувал директорот за износот,  по што добивал задача колкав дел од прометот да го уплати на банкарската сметка, а остатокот од дневниот промет без никаков писмен траг му го давал лично на рака на директорот кој парите од пациентите си ги користел за задоволување на своите лични потреби.

Основниот суд во Охрид на трите лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Двајца од пријавените се веќе уапсени од страна на Финансиската полиција додека  по директорот кој е во бегство, распишана е потерница и по истиот интензивно се трага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1