Лекари без граници апелира Бугарија, Грција и Србија да им пружат помош и заштита на бегалците


Меѓународната организација Лекари без граници апелираат до властите во Бугарија, во Грција и во Србија да обезбедат помош за заштита на бегалците.

„Барајќи засолниште, бегалците и имигрантите, кои си го ризикуваат животот, за да стигнат до Европа, оставени се во шуми или напуштени згради во Србија при ниски зимски температури и без доволно храна“, се посочува во соопштението објавено на веб-локацијата на органзиацијата.Refugee_camp_bannon_01

Лекари без граници апелира и земјите-членки на Европската унија да ги олеснат сегашните процедури за добивање на азил, условите за добивање, како и да стават крај на недостигот од интеграција, истакна Стјуарт Зимбл, координатор на Леакри без граници за Балканот.

Тој додаде дека Грција, Бугарија и ЕУ треба да го олеснат пристапот до прецудирите за добивање на засолниште и условите за прием на новопристигнатите бегалци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1