Директорка на Тифани крадела дијаманти


Поранешна директорка во компанијата Тифани крадела дијаманти и друг накит од седиштето на компанијата на Менхетн и ги препродавала со што заработила повеќе од 1,3 милиони долари.

tiffanyИнгрид Ледерхас-Окун е уапсена денеска во својот дом под обвинение за измама во поштенскиот сообраќај и за пренесување на украдениот имот надвор од границите на сојузните држави, објави Business Insider.

Како потпретседателка за развој на производството, таа имал овластување да го изнесува накитот од Тифани за да може кај потенцијалните производители да ги утврди трошоците на производството.

Но, откако Ледерхас-Окун ја напуштила компанијата во февруари годинава, било откриено дека од неа изнела 164 предмети кои никогаш не ги вратила.

Меѓу украдените предмети имало многу вреден дијамантски накит, како и накит од платина и од 18-каратно злато. Истрагата покажала дека неидентификуван меѓународен трговец на нејзиното име и на името на нејзиниот сопруг напишал 75 чекови во износи до 47.400 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1