Директорот на Леново својот бонус од 3 милиони долари го поделил со вработените


 

Кинеската компанија Леново во последниве години може да се пофали на одлични резултати на пазарот со персонални компјутери – компанијата во моментов е вториот најголем глобален производител на компјутери, веднаш со Hewlett-Packard, а наскоро дури и може да го претрка.

Леново најави приходи за оваа фискална година од речиси 30 милијарди долари.  Извршниот директор на Lenovo, беше награден со бонус од 5.200.000 $. Но, наместо да ги задржи сите пари за себе Јанг Yuanqing избра да направи необичен потег – три милиони од неговиот бонус го сподели со вработените кои се на пониски позиции во компанијата (од портир до работници кои работат на склопување)
3 милиони ќе ги делат десет илјади вработени на компанијата и секој од нив ќе добие 2.000 јуани, или околу $ 314 – ова е речиси меселна плата за некои вработени. За споредба, работниците на склопување на Foxconn, најпознатата компанија која произведува компоненти за најголемите ИТ компании, се со плата меѓу 1.500 и 2.200 јуани.

Инаку, директорот на Lenovo, Yuanqing, според годишниот извештај,  во последната фискална година што завршува во март, заработил 14.000.000 $, од кои 5.200.000 $ бонус

Големите компании даваат големи бонуси ако нивните директори остваруваат профит. Така извршниот директор на HP Мег Витман би добил бонус околу 6.000.000 $, а новиот шеф на Yahoo Мариса Мајер би можела да добие дополнителни два милиони долари.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1