Со Македонија во срцето – ја одбила Германија сака да игра само за својата родна земја


13 годишната џудистка Блерина Сефери со потекло од тетовска Шипковица, сака да настапува само за репрезентацијата на Македонија и веќе неколкупати ја одбила Германија да се натпреварува за нив.

,,Живеат во странство но со мислите и срцето се во Македонија. Таква е приказната на семејството Сефери од тетовска Шипковица чија ќерка Блерина се натпреварува во џудо,,. вака ја започна сторијата телевизијата Сител – и секако заслужува да ја пренесеме и на нашиот портал.

Како што пренесе Сител, Блерина ги одбива понудите на Германија и сака да настапува само за репрезентацијата на Македонија, иако е родена и живее во Германија. И нуделе да добие и државјанство само да настапува за нив, но поддржана од семејството таа ги одбила. Често е во родното место и во контакт е со тренерите по џудо тука во Македонија.

Пред еден месец освоила првото место на балканијадата за деца до 14 години во Бугарија. Љубовта кон џудото кај Блерина најверојатно се родила поради тоа што таткото Неџат во младоста бил пеливан.

Сторијата е превземена од сител.мк

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1