Директорот на најпознатиот светски бренд фармерки „Леви Штраус“, Шип Берг, ги повика купувачите да не ги перат своите фармерки, за да штедат вода
Како што истакна тој, водата е еден од најзначајните ресурси.Учествувајќи на конференција за екологија, Берг напомена дека фармерките кои тој ги носел во тој момент, „не виделе машина за перење цела година“. Тој истакна дека доволно е со сунѓер или стара четка за заби да се отстранат флеките и редовно да се проветруваат фармерките.
Берг, исто така советуваше, фармерките да се чуваат во замрзнувач, за да се намали ширењето на микроби и да се елиминираат непријатните мириси.
-Никогаш до сега не сум добил кожна болест, истакна тој, поткрепувајќи ја својата теорија.