Дизелот руши рекорди, цената на историски најниско ниво


Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука да ја намали цената на горивата, односно бензинот од денеска е поевтин за еден денар, додека дизелот за три. Со последната промена на цената на нафтените деривати, дизелот падна на историски ниско ниво.

Само од почетокот на годината цената на дизелот е намалена за повеќе од осум денари. benzin3

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) од денеска изнесува 43,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 3,5 денари и ќе чини 32 денара за литар.

Литар Еуросупер БС-95 од денеска се продава за 61,50, а Еуросупер БС-98 за 63,50 денари. Ова значи дека сега дизелот е поевтин и од историски најниската цена која регулаторите ја одредија пред повеќе од 6 години, поточно на 21 јули 2009 година кога дизелот во земјава тогаш чинеше само половина денар помалку, односно 46 денари.

Сепак најниско ниво на дизел горивата во историјата на земјава е на 13 јануари 2004 година кога литар од ова гориво чинел само 36 денари, но според регулаторите тој дизел бил со драстично понизок квалитет односно се работеше за еуро 3. Сегашниот дизел е поквалитетен, еколошки почист и е од категоријата еуро 4.

Во Европа само во Украина и Белорусија цената на дизелот е приближно иста како кај нас. Во останатите европски држави како што е Италија и Велика Британија дизелот чини 1,5 евра или двојно поскапо. Во Македонија можеш да наточиш за тие пари две литри нафта, а кај нив само литро.

Во Грција, Албанија и Бугарија дизелот чини околу 1,25 евра, а во Австрија, БиХ и Косово по евро.

На почетокот на 2015 година малопродажната цена на Еуросуперот БС-98 изнесуваше 62,5 денари, Еуросупер БС-95 достигна 60,5 денари за литар, а дизелот се точеше за 51 денар за еден литар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1