„Дневник“: 500.000 евра се барани од функционер на ДУИ, Ахмети политички уценуван


И до половина милион евра им било барано на функционери на ДУИ за во јавноста да не излезат компромитирачки снимки со приватни разговори, тврдат за „Дневник“ од партијата на Али Ахмети. Од ДУИ не откриваат колку функционери биле уценувани

ahmeti-630x387

Дека функционери на ДУИ се предмет на уцени, закани и оти имало обиди за изнудување пари за снимките, потврди лично и лидерот на партијата, Али Ахмети, за телевизијата „Алсат-М“.

– Нашите функционери се уценувани од подземјето што ги има снимките, ги монтира и бара и до 500.000 евра за тие да не бидат пуштени на социјалните мрежи и каналот „Јутјуб“. Пари се барани лично од функционерите – велат од ДУИ, пренесува весникот.

– Најприслушуваниот човек сум јас. Според информациите што ги имаме, не само еден разговор, туку има 17.000 телефонски разговори што сум ги направил кои се транскриптирани и обработени, а илјадници други се необработени. Секогаш кога ДУИ требало да донесе одлуки, кои зависеле само од неа, во деликатни моменти, јас добивав некои пораки од Белград, нека го направи овој потег Али Ахмети, оти ние ќе објавиме прислушуван разговор, на пример, каде што тој го пцуе пророкот Мухамед. Не е случајно кога реков – се што имаат за мене нека објават и приватни разговори. Kога го реков тоа не сум бил, како да кажам, кретен, туку тоа сум го кажал сериозно бидејќи сите такви материјали ги отфрлам како целосно невистинити – вели Ахмети.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1