Дното на Јонското Море крие непроценливо богатство


Непроценливо богатство крие дното на Јонското Море, пишува грчкиот весник „Етнос“.

jonsko-more-500Весникот објавува дека такви оценки пристигнале до грчкото Министерство за енергетика и животна средина, откако норвешката компанија ПГС, направи истражувања во Јонското Море и јужно од островот Крит.

Сеизмичките истражувања покажале присуство на нафтени структури на површина од 30 илјади километри по дното на Јонското Море, кои би требало да изнесуваат најмалку 600-800 барели нафта.

Ако тие првични проценки од 800 милиони барели се потврдат, тогаш станува збор за богатство од 80 милијарди долари.

Грчкиот печат објавува и дека грчката Влада почнува кампања за привлекување енергетски гиганти за нафтени истражувања и планира да објави тендери за давање на концесија на 10-15 блока во границите на тие наоѓалишта.

Се очекува нафтени конзорциуми да ги почнат тие истражувања во почетокот на 2015 година.

Kurir

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1