Конечно ќе се знае кој е подобар? – ќе се снима Бетмен против Супермен!


Да, точно е, Бетмен ќе ги мери силите со Супермен! Иако ваквиот спој не е баш најјасен, сепак, филмот “Бетмен против Супермен” ќе се снима, и тоа со големи холивудски ѕвезди.

betmen supermenБен Афлек ќе го игра Брус Вејн/Бетмен, а Хенри Кавил – Супермен/Кларк Кент. Ним им се приклучува Џереми Ајронс во улогата на Алфред, верниот пријател и батлер на Брус Вејн. Актерот Џеси Ајзенберг, пак, најпознат по улогата на Марк Цукерберг во филмот “Социјална мрежа”, ќе го игра негативецот Лекс Лутор, иако долго се шпекулирало дека се преговара со Брајан Кранстон, ѕвездата од серијата “Breaking Bad”. Улогата на новинарката Луис Лејн ќе ја игра Ејми Адамс а Лоренс Фишбурн ќе го доловува Пери Вајт.

Режисерската палка е во рацете на Зак Снајдер, режисерот на “300”, “Човек од челик”… Но, се уште е рано да видиме како “обичниот човек” Бетмен ќе се бори со натприродните сили на Супермен, бидејќи премиерата е најавена дури за 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1