До 15 години затвор за Словенците кои држеле во ропство девојче од Македонија


Македонските институции не се запознати со овој случај и за него дознале од медиумите, иако младата девојка, државјанка на РМ, речиси три месеци е сместена во кризен центар во Љубљана, а оттаму е префрлена во Центарот за борба против трговија на луѓе

siluvanje maltretiranje devojceМалолетничка од Македонија била продадена како робинка во Марибор, Словенија и десет месеци била чувана во домашен притвор. Голготата низ која поминувала сега веќе полнолетната девојка почнала во април лани кога словенечко семејство за 6.000 евра ја купило од татко и, наводно за да ја омажат за синот. Но, наместо подобар живот илјадници километри од дома, таа трпела физички и психички терор се до јануари годинава, кога собрала сили и успеала да избега, пишуваат словенечките медиуми.

И додека македонските институции чекаат на официјални информации, словенечките медиуми го пренесуваат хоророт низ кој поминувала малата робинка, а истото за ВЕЧЕР го потврди и портпаролот на мариборската полиција Миран Шадл. Според исказите на девојчето, лани во април, таткото, мајката и младоженецот дошле во Македонија каде што се договориле со татко и да ја земат за невеста, за што ќе платат шест илјади евра. Младите се венчале во Македонија, а на малолетната невеста и бил ветен убав живот и почитување во Словенија.

Но, наместо тоа, веднаш по пристигнувањето во Марибор нејзиниот живот се претворил во пекол. Сопругот, свекорот и свекрвата и го одзеле пасошот и не и давале да излезе од станот, да контактира со други луѓе, па дури и ги забраниле телефонските контакти со нејзините роднини во Македонија. И не само тоа, свекорот и свекрвата постојано ја следеле, ја заплашувале и ја злоупотребувале. А ако не ги исполнела наредбите како што очекувале, ја претепувале.

– Оштетената морала да ги врши сите домашни работи во семејството кое броело седум члена, можела да јаде само колку ќе и даделе, ограничено и било спиењето, немала греење и не добивала медицинска нега кога ќе се разболела. Без плата под нивен надзор, таа исто така морала да работи на поле, а честопати и да врши тешка физичка работа на градилишта и на лозја, берела грозје.

Осомничените ќе одговараат за трговија со луѓе и според словенечките закони им се заканува затворска казна од три до петнаесет години.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1