Според последниот извештај од Институтот за светски ресурси, од 33-те земји кои ќе бидат најзагрозени од недостаток на вода, Македонија е на 17-то место,заедно со пустинските држави од Блискиот Исток,што според македонските експерти е премногу песимистчен, пренесува Алфа.мк
Климатските промени многу скоро ќе ги намалат резервите на вода,а тоа ќе има негативен ефект врз продукцијата на храна.Според последниот извештај од Институтот за светски ресурси, од 33-те земји кои ќе бидат најзагрозени од недостаток на вода, Македонија е на 17-то место,заедно со пустинските држави од Блискиот Исток,што според македонските експерти е премногу песимистички, бидејќи Македонија е богата со вода.
“Она што најмногу веројатно ќе го погодува земјоделството во наредните декади, тоа се климатските промени и проблемот, дали ќе произведеме доволно храна да го нахраниме населението во светот“ изјави Драги Димитриевски-Декат на Факултет за земјоделски науки и храна.
“Она до кое што дојдовме, е дека во Македонија дефинитивно лимитацијата на вода сериозно ќе ги намали приносите.Значи ние очекуваме дека климатските промени дури и во краток рок, значи до 2030-та година во Македонија ќе почнат да го искажуваат својот негативен ефект, односно намалување на приносите“ изјави проф. Ордан Чукалиев-Факултет за земојоделски науки.
Со цел климатските промени барем на краток рок да не остават сериозни последици кај нас, Македонија започна со примена на адаптивни мерки за рехабилитација на системите за наводнување,се поставуваат заштитни мрежи за спас на скапите култури,а се применуваат и техники за зачувување на почвата и органиските материи во неа. Климатските промени, засега не се одразуваат врз квалитетот на храната која ја произведуваат земјоделците.
“Фирмите се повеќе се обидуваат да ги воведат сите стандарди за безбедноста на храна. Имаме проблеми, не да немаме, посебно малите примарни производители кои што тешко можат да ги воведат сите тие системи“ изјави Соња Србиноска-Факултет за земјоделски науки и храна.
На вториот симпозиум за земјоделство и храна –научници од земјава и светот разменуваа искуства како во услови на недостаток од вода,да се обезбеди произвотство на квалитетна храна,бидејќи климатските промени ќе предизвикаат и болести кај растенијата,како и појава на инсекти и разни видови штеточини.