До 2050 година ќе еволуираме во сосема нов тип на луѓе (Видео/Фото)


Истражувач од институтот Global Brain, Кадел Лест, тврди дека луѓето поминуваат низ голема „еволутивна транзиција“. За помалку од четири децении, ќе живееме подолго, ќе добиваме деца на постари …

До 2050 година сосема нов тип на луѓе ќе живее на Земјата поради драстичниот технолошки напредок, промените во однесувањето и природната селекција.1410450530608_wps_15_average_human_in_2050_gra

Експертот на Глобал брејн институтот Кадел Лест тврди дека луѓето минуваат низ голема „еволутивна транзиција“.

За помалку од четири децении ќе живееме подолго, ќе добиваме деца во подоцнежни години и ќе зависиме од вештачката интелигенција за извршување на секојдневните задачи, тврди Лест.

Оваа промена е толку значајна што може да се споредува со еволуцијата на мајмунот до поразвиени примати и човекот.1410444648815_wps_6_Thinking_Robot_Image_by_B

„Кога вие ќе имате 80 или 100 години, ќе живеете многу поразлично од вашите баби и дедовци“, вели Лест кој верува дека поголемиот дел од времето ќе го минуваме во виртуелна реалност.

Некои еволуционисти веруваат дека ќе успеваме да го доживееме дури и 120-от роденден, и тоа за половина век.

Имено, една од претпоставките на еволуцијата е дека колку што мозокот повеќе расте, на организмот му се потребни повеќе енергија и време за да го достигне својот полн потенцијал, што се одразува и врз репродукцијата, која сѐ повеќе се одложува.

„Светското општество во моментов е во целосен хаос. Но, во оваа криза постои и прилика. Апокалипсата може да стане метаморфоза“, вели Лест.1410444386167_wps_1_article_2609391_1D3CD5E30

„Мислам дека следниот систем кој човештвото ќе го создаде ќе биде многу пософистициран и праведен од нашата денешна цивилизација“.

Тој додава и дека луѓето во иднина ќе можат да го „стават на пауза“ својот биолошки часовник со помош на технологијата.

„Промената веќе се случува. Како што земјите стануваат сѐ понапредни во социолошка и економска смисла, сѐ повеќе луѓе, а особено жени, ќе добијат шанса да учествуваат во културното творештво. Покрај тоа што ќе имаат повеќе време за професионално усовршување, ќе се создаде потреба за работи за кои не е потребно високо образование“, смета тој.

Неговите предвидувања се опишани во научниот труд објавен во журналот Курент ејџинг сајенс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1