До 31 јануари мора да поднесете до УЈП пријава за остварените приходи во 2014


Најдоцна до 31 јануари 2015 година, задолжително по електронски пат, граѓаните треба да поднесат годишен извештај за 2014 година за остварените приходи.

31 Јануари е рокот до кога сите исплатувачи на пруходи на физички лица треба да поднесат годишни извештаи за своите исплати за 2014 година.ujp

Како што информираат од УЈП, годишен извештај треба да се достави по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, извршиле исплати на граѓани во 2014 година по основ на откуп на земјоделски производи, вршеле откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци.

Од УЈП напоменуваат дека исплатувачите кои вршат исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај.

Исто така вакви извештаи имаат обврска да достават организаторите на трговија на големо и мало на зелените пазари.

Годишните извештаи се поднесуваат најдоцна до 31 јануари 2015 година, задолжително по електронски пат .

Исплатувачите кои вршеле исплати на приходи на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, на граѓанинот задолжително треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2014 година најдоцна до 15 јануари 2015 година.

Оваа пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1