Милена Дравиќ и Драган Николиќ имотот го оставаат на Кинотеката


Српската брачна двојка Милена Дравиќ и Драган Николиќ, актерски легенди, планираат еден ден својот имот, кој вклучува бројни награди, дипломи и признанија, да го подарат на Југословенската кинотека, дознава српски „Курир“.dragan nikolic milena dravic Големите актери, кои веќе со децении ги освојуваат срцата на публиката, размислуваат дека на тој начин сето она што го стекнале и го освоиле на бројните фестивали и други манифестации да го остават во аманет на актерските генерации. Благодарение на овој нивен хуман чин, младите актери ќе имаат увид во нивната богата кариера, а со самото тоа и потстрек секој ден се повеќе да вложуваат во своето работење, да напредуваат, да истраат во својата професија и да бидат што подобри.

– Милена и Драган целиот живот го посветија на театарот и филмот. Како истакнати актери, двајцата се добитници на сите позначајни филмски награди на просторот на бивша Југославија, вклучувајќи ја и наградата за животно дело. Покрај својата животна професија, Драган е и голем хуманитарец. Меѓутоа, за својот придонес кон општеството и луѓето на кои помошта им била неопходна избегнува да зборува во јавноста. За хуманитарното работење на Николиќ знае само потесен круг луѓе, а неговата желба е така и да остане. Смета дека би се девалвирала целата приказна и секој обид на хуманитарното работење ако за тоа би се удирало на големи ѕвона бидејќи, според неговото мислење, невкусно е за тоа да се зборува. Поради тоа малку се знае што се оваа актерска двојка правела само за да им помогне на другите – наведува извор.

Драган Николиќ не бил расположен да зборува на оваа тема.

Имено, единствен актер кој сите свои награди и ги оставил на Југословенската кинотека е Љубиша Самарџиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1