До 9 илјади евра казна доколку дома ви работи мајстор без лиценца


До 9 илјади евра казна доколку ви работи мајстор без лиценца. Ако сакаат да продолжат да работат мајсторите и сите кои нудат некакви занаетчиски услуги ќе мора да се регистрираат. Регистрирањето ќе биде задолжително и за чистачи и масери. Со предлог законот кој го изготви Министерството за труд и социјална политика, освен занаетчиите опфатени се и преведувачите и наставниците што даваат приватни часови, пренесува Прес24.

krecenje

Казни не се предвидени само за оние што ги даваат услугите, туку и за оние кои го повикуваат. Паричната казна ќе биде 1500 евра за мајсторот, а 1000 за нарачателот. Доколку мајсторот биде фатен како дава услуги два пати во една година, против него ќе биде поведена прекршочна постапка. Тогаш глобата ќе биде од 6 до 9 илјади евра. Покрај паричната казна на мајсторот ќе му биде одземен и алатот. Нема да се казнува работата за сопствени цели, семејната и соседската помош.

Граѓаните велат дека се запознаени со овој предлог закон. Дел од нив и претходно повикувале само регистрирани мајстори, дел рекоа дека отсега ќе почнат.

Од Министерстовот за труд и социјална политика велат дека основната цел на овој закон, е да се намали сивата економија, значително намалување на непријавените работници и нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување, како и намалување на нерегистрираните бизниси. Од Министерството велат дека станува збор за првична верзија на законот, која може да претрпи одредени измени, поради што и не сакаат да објавуваат повеќе детали.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1