До последен момент го држела за рака: Последното интервју на Арсен Дедиќ


Се грижам само за мојата сопруга Габи и за моите деца. Само тие да се добри, здрави и живи, другото ќе помине. Ова го изјави легендата Арсен Дедиќ во едно од последните интервјуа за хрватските портали.

,,Оперирани ми се очите, оперирани ми се рацете, цревата, трансплантиран ми е црниот дроб и така натаму. Да ви кажам отворено, уште сега по малку размислувам… мислам дека полека ја приведувам мојата приказна кон крајот.,,

arsen dedic

Тој љубовта на својот живот ја запознал во 1958 година, а со неа има две деца. Тогаш бил естраден почетник, а таа пеела со музичари. Се пораснало во пријателство, па во љубов.

Инаку, Арсен почина на 77-годишна возраст. Неговата сакана била со него до крајот, држејќи му ја раката.

Арсен Дедиќ, шибенски и загрепски поет и шансониер, е еден од нашите најголеми (естрадни) уметници, човек кој зад себе има 37 објавени дискографски изданија и триесетина книги.

Во разговорот за Playboy пред неполни три години Арсен се присетува на почетоците: флејтата, свирењето во шибенскиот лимен оркестар, заминувањето во Загреб, правните студии… Големиот кантавтор зборува и за своите љубовни авантури меѓу двата брака, за болеста што ја победува, за Габи и Матија, за Леонард Коен и Реј Чарлс…

Роден сум 1938 година. Куќата во која сум роден ја купил мојот прадедо Крсте. Имам дури и „писмо“ од таа куќа, купопродажен лист. Сите сме родени во неа: брат ми, покојната сестра, татко ми и дедо Тоде. Татко ми беше висококвалификуван ѕидар, раководител во претпријатие кое градеше светилници. Татко ми беше и исклучително музички надарен, свиреше во шибенскиот народен оркестар. Како и татко ми, и јас свирев во шибенскиот народен оркестар. Се сеќавам, прв пат дојдов во Загреб 1948 година. Тогаш прв пат во животот се возев во такси. Ме водеше на ручек во Шумски двор во Жигровиќева улица.

Се сомневаат во најлошото! – Духовито и во свој стил како од пушка испука Арсен Дедиќ, кога за да го договориме интервјуто, му се јавивме и го прашавме како е.arsen-i-fabi1-520x390

На операција во Италија отидов сосема случајно. Немав пари, а не се ни понудив. Но, бидејќи сум државјанин на Италија, добив понуда да заминам на бесплатно лечење, а сето тоа го плати најбогатиот италијански регион Венето.

Колку болеста го смени вашиот однос кон пиењето?

Дедиќ: Па, јас никогаш не сум пиел многу, ниту болеста на црниот дроб ми беше од алкохол. Тоа нема врска. Јас бев отруен, секако ненамерно. Јас знам да пијам. Ама тоа е она или знаеш или не знаеш да пиеш. Во таа смисла, секогаш сум знаел да пијам. Поради болеста сега ретко пијам.

Playboy: Како, всушност, ја запознавте Габи?

Дедиќ: Габи ја познавам уште кога имаше 23 години. Таа веќе тогаш беше ѕвезда. Ја запознав во телевизиска емисија и во неа препознав личност која ми е слична во некои работи. Прво бевме пријатели и со задоволство ѝ пишував текстови за некои песни. Таа си го живееше својот, а јас мојот брак. Но, еден ден двајцата се најдовме слободни и природата на нештата си го стори своето. Не беше тоа colpo di fulmine (љубов на прв поглед, заб. прев.), или некаква си љубовна паника, туку само чувство дека си на некој начин си припаѓаме еден на друг. Така беше.arsen-i-gabi-520x369

Како и во секој брак и во нашиот има и несогласување и караници, но секогаш испливува суштината, тоа дека си припаѓаме еден на друг.

Playboy: За Габи ги имате напишано некои од вашите најубави песни. Кроено по мерка е тоа?

Дедиќ: Секако. Добро ја познавав нејзината емоционална слика и мислам дека таа деликатност успешно успевав да ја пренесам во тест и музика. Секогаш сум внимавал да ја задржи сликата што ја има. Но, секако, важен бил и нејзиниот талент. Таа никогаш не се шверцувала на мојата писменост, ниту јас на нејзината популарност и пеењето. Тоа беше заедничка работа и разбирање. Ми се допаѓање што нашата соработка беше складна и многу сум среќен поради успехот на нејзините два последни албуми.

И јас се прашувам – ме има ли, што правам? Навистина имам чувство дека од мене зборува некој друг, но некој сличен, некој кој е мој. Знаете, секој човек за себе е непозналица, нерешен случај. Тоа не е фраза. Јас безмилосно го поставувам суштинското прашање – нѐ има ли воопшто?

,,Секогаш имаше некакви фашизоидни потреби кај луѓето. Не можам никако да се согласам со тоа. Кога прв пат бев во Америка, таму научив четири работи. Првата е дека човек никогаш не се прашува за кого гласа, второ – не се прашува колку заработува, трето – не се прашува од која вероисповед е и четврто – твојата слобода се простира до мојата слобода.,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1