До сабота ќе има врнежи од дожд, а за време на Велигденските празници ќе биде стабилно, суво и релативно топло.
Утре се уште ќе биде топло, но ќе има повремен слаб локален дожд, а во попладневните часови на места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи.
Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта во петок и во сабота претпладне.
Поинтензивни врнежи се очекуват во северните и источните делови утре и задутре.
Во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.
Во петок и сабота максималните температури ќе достигнат до 19 степени, а во недела и понеделик до 23 степени.