Државниот архив ќе се сели во нова зграда


Владата на вчерашната, 62 седница донела одлука за почнување постапка за изградба на нов објект за Државниот архив.

„Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот Архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на овој прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив. Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов“, соопштија од Владата.

Државниот архив претрпе големи штети за време на поплавите и обилните врнежи од дожд во новата зграда на Археолошкиот музеј лоциран на кејот на Вардар и се крена голем аларм дека се уништени многу стари и битни документи. Вработените посочија дека преселувањето на оваа институција од претходната зграда лоцирана во кругот на судот е огромна грешка бидејќи тие простории биле посоодветни со идеално обезбедување и максимални услови за функционирање на еден архив.

Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, на прес-конференција потврди дека Државниот архив ќе добие нова зграда. Таа потенцираше дека материјалите во Архивот не се оштетени.

Одлуката е врз основа на пошироки консултации и фактички увид на лице место, со што се соочуваат сите три инволвирани институции. Најсоодветно решение е да биде изграден сосема нов објект со сите потребни стандарди кои сега ги немаат. Со менување веќе донесени одлуки и пореметување други институции ќе создадеме нов проблем од ист карактер, изјави Апостолска.

Како поддршка на оваа одлука, дополнително посочи таа, се вклучила и итната потреба за санација на атмосферските води во постоечкиот објект.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, посочи дека архивските материјали во моментот се заштитени и ниту еден материјал не е оштетен.

– Ова е проверено. Имаме комисиски записник. Направен е увид. Во старото депо се уште се чуваат архивските материјали и ќе продолжат да се чуваат и правиме трајно и конечно решение. Не можеме да направиме решение, со кое ќе отвориме други два проблеми, изјави Бошњаковски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1